Сутерен.мк

Закачка меѓу финската премиерка и Елон Маск

Премиераката на Финска, Сана Марин во последните неколку дена доживеа бројни критики поради прекршувањето на епидемиолошките мерки и посетата во ноќен клуб, а една од личностите која се обиде да се исмее со неа бил директорот на Тесла, Елон Маск.
Иако премиерката на Финска им се извини на граѓаните поради посетата на ноќен клуб која резултираше со контакт со лице позитивно на Ковид, реакции на социјалните мрежи сѐ уште има.

Па дури и Елон Маск објави фотографија, односно познатото “меме” во кое маж и девојка разговараат во ноќен клуб. На фотографијата е испишан и дијалог во кој мажот ја прашува девојката со што се занимава, после што таа одговара “премиерка на Финска”.
Твитот на Маск бил споделен речиси 18.000 пати, а во коментари следувале и реакциите на Финците кој го информирале како изгледа премиераката на Финска.

“Делува кул”, одговорил Маск.
Многу брзо се огласи и премиерката на Финска и одговори на прозивките на Маск.

“Финска е исто така кул. Нордиска држава која сака да биде климатско неутрална до 2035 година. Најсреќните луѓе живеат во Финска”, напиша Марин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *