Сутерен.мк

Зеленски во „Вог“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена се на насловната страница на новото дигитално издание на познатиот магазин Вог.

Под наслов „Портрет на храброста“, во опширно интервју, првата дама на Украина, меѓу другото, зборувала и за тоа како не и било лесно кога сопругот претходно и рекол дека одлучил да се кандидира за важна функција.

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со новинарката Рејчел Донадио во зградата на претседателската канцеларија во Киев и беше фотографирана од Ени Лебовиц.

Јавноста на ова интервју не реагираше како што сопружниците Зеленски очекуваа.

Многу негативни коментари по социјалните медиуми го посочуваат истото – дека за време на војна, додека украинскиот народ секојдневно гине, на претседателот местото не му е на моден сет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *