Сутерен.мк

Зеленски на Преспа форумот

На Преспа форумот за дијалог, што од 16 до 18 јуни се одржува во Охрид на тема „Градење на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“ преку видео врска се обрати и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Тој рече дека европското обединување со источното партнерство и Западен Балкан може да се справи со руската агресија.

„Сега е историски момент за Европа и европската безбедност, кога сите треба да одлучат, што е Европа и каква ќе биде Европа во иднина. Дали ќе биде слободна како што е сега? Дали ќе биде безбедна како што се навикнати повеќето Европејци? Дали ќе биде социјално и економски развиена, и што ќе ги инспирира општествата надвор од нејзиниот континент?

Русија сите нас не предизвика, секоја нација на континентот, секој регион во Европа. За Украина ова е најстрашниот воен предизвик и ние се браниме себеси веќе 113-ти ден против руските амбиции да го уништат украинскиот народ и култура“, рече Зеленски.

Почнувајќи ја оваа војна против Украина, Русија се обиде да направи отскочна даска за напад врз други нации во Европа. Затоа нашата одбрана во оваа војна е од фундаментално значење за безбедноста на секого во Европа.

„Сите ние во демократскиот свет се соочивме со енергетска криза без преседан. Многу години Русија креира впечаток дека е наводно сигурен извор на енергетски извори, но во реалноста направи различни европски земји да зависат од неа.

Уште полошо сценарио е на пазарот на храна, при што не само што се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, туку и нова мигрантска криза. Ќе споменам уште еден елемент од руската анти европска политика. Русија е можеби најголемиот инвеститор во пропаганда. Токму затоа сериозна дискусија за безбедносната архитектура во Европа мора да биде базирана на потребата да се ослободи Европа од зависноста што Руската држава ја прави со децении. Затоа се потребни санкции за антиевропската политика на Русија. Ова треба да се земе предвид при подготвувањето на седмиот пакет санкции на ЕУ.“, порача Зеленски.

Покрај македонскиот претседател Стево Пендаровски, воведни обраќања на сесијата имаа и претседателите на: Словенија – Борут Пахор; Хрватска – Зоран Милановиќ; Црна Гора – Мило Ѓукановиќ и Косово – Вјоса Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *