Сутерен.мк

Зеленски: Светскиот поредок зависи од Украина

По ненајавената посета на американскиот претседател Џо Бајден на Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање до Украинците кажа дек иднината на светскиот поредок зависи од настаните во Украина.
„Токму сега и тука во Украина се одлучува иднината на светскиот поредок кој е заснован на правила, хуманост и предвидливост. Потребна ни е решителност. Денес видов таква решителност кај претседателот Бајден“, кажа Зеленски.

Додаде дека одбранбените и другите потреби за сопирање на руската инвазија им се веќе добро познати на партнерите на Украина.

Во годишното обраќање пред парламентот пак, рускиот претседател рече дека „Украина и Западот се виновни за војната, а ние користиме сила за да ја запреме.”

“Овој говор го држам во многу тежок контекст, во многу тешко време. Во светот се случуваат големи промени, кои ќе ја одредат иднината на светот и на нашата земја. Пред една година, со цел да го заштитиме нашиот народ во нашите историски територии, решив да почнам специјална воена операција. Чекор по чекор ќе ги постигнеме целите пред нас“, рече Путин на почетокот на својот говор.

„Направивме сѐ за на мирен начин да го решиме конфликтот со режимот во Киев, но зад нашиот грб се подготвуваше сосема поинакво сценарио. Тврдењата на западните лидери беа лажни, тие купуваа време и замижуваа пред политичките убиства и репресијата на киевскиот режим во Донбас“, рече Путин.

„Пред специјалната воена операција, Киев договараше испорака на тешка воена опрема, противвоздушна одбрана, авиони и нуклеарно оружје“, рече тој.

„Кога Русија искрено се обидуваше да најде мирно решение, тие играа валкана игра. Нивните одвратни лаги и лицемерство се видоа во Југославија и Сирија“, рече Путин за западните земји, а потоа додаде: „Испадна дека така се однесуваат и кон сопствениот народ, им кажуваа лаги за мировните договори во Донбас. Тоа беа целосни лаги. Ние инсистиравме на заштита на нашите сопствени интереси“.

„Ниту една земја нема толку воени бази како САД низ светот. Целиот свет е покриен со нивните бази, тие ги имаат стотици“, рече Путин, додавајќи дека Русија бара безбедносни гаранции. „Тие ги одбија нашите барања и беше јасно дека заканата расте. До февруари минатата година сѐ беше подготвено за воена акција во Донбас. Киевскиот режим доби оружје за напад врз Донбас и во 2014 и 2015. Сето тоа беше спротивно на документите што ги прифати Советот за безбедност на ОН.“

„Сакам да повторам: тие се виновни за војната, а ние користиме сила за да ја запреме“, рече Владимир Путин во своето годишно обраќање пред парламентот и доби голем аплауз.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *