Сутерен.мк

Знаци дека сте натпросечно интелигентни

Луѓето со натпросечна интелигенција не се дефинирани само со високите оценки што ги добиваат на тестовите на МЕНСА. Тие обично, имаат и други заеднички карактеристики…

Паметните луѓе се несигурни. Звучи парадоксално, но интелигентните луѓе ги препознаваат границите на својот ум, а тоа ги води кон константно усовршување. Наспроти нив, глупавите си ги преценуваат когнитивните способности.

Истражуваат, љубопитни се и отворени за нови искуства. Интелигентните луѓе се отворени за запознавање на се што е ново. Немаат предрасуди и не губат време во „анализи на малограѓанските правила“.

Сакаат да бидат сами. Натпросечно паметните ја сакаат самотијата. Осаменоста им годи повеќе отколку некорисното дрндање со луѓето, па затоа и имаат малку пријатели.

Имаат самоконтрола. Имено, не „трзаат“ на првата прилика за задоволство и удобност. Знаат дека со одложувањето, во иднина ќе добијат поголема сатисфакција.

Позабавни се. Потупите веднаш ќе ги препознаете – се однесуваат како да имаат „вретено во задникот“. Интелигентните имаат добра смисла за хумор и поспонтани се.

Го почитуваат црниот хумор. Глупав човек ќе се вџаши од виц направен врз нечија несреќа, но не и паметен.

Учат на грешките. На своите секако, на туѓите не учи никој. Знаат да се прилагодат на новите ситуации и да препознаат што е добро опкружување за нив.

Ефикасни се. Интелигенцијата не е апсолутна вредност. Паметните луѓе учат, паметат, резонираат и ги унапредуваат способностите за решавање проблеми. Ефикасно се адаптираат во новите околности, што ќе рече, интелигенцијата е селективна комбинација на различни способности.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *