Луѓето со повисок коефициент на интелигенција почесто прифаќаат двосмисленост и нејаснотија, открива истражување кое наведува и три други клучни карактеристики на поинтелигентните луѓе!
Многу проблеми во животот немаат дефинитивен одговор, а интелигентните луѓе полесно се справуваат со тоа. Затоа поинтелигентните луѓе можат да носат подобри одлуки, бидејќи имаат способност да прифатат дека светот не е црно-бел, откриваат истражувачите.
Други вообичаени знаци на висок коефициент на интелигенција се совесност, преземање ризик и љубопитност. Луѓето што се совесни се повнимателни, поефикасни, самодисциплинирани и се стремат кон постигнувања.
Интелигентните луѓе имаат поголема веројатност да имаат особини од типот А, кои се поврзани со конкурентноста и преземањето ризик.
Љубопитноста е поврзана и со високата интелигенција. Луѓето што се љубопитни поставуваат многу прашања, бараат изненадувања и наоѓаат време за нови идеи.
Истражувањето покажало дека четири фактори на личноста се поврзани со интелигенцијата. Способноста да се справите со неизвесноста е особено силен знак за висока интелигенција, пишуваат авторите.
Ова истражување покажа дека повеќекратните мерки на интелигенција предвидуваат поголема толеранција за несигурност.
– Претходните истражувања покажаа дека попаметните лица полесно се приспособуваат и ги проценуваат променливите работни задачи, што доведува до поголема точност во донесувањето одлуки – велат истражувачите.
Љубопитните луѓе, исто така, имале повисок коефициент на интелигенција, покажало истражувањето.
– Се претпоставуваше дека љубопитноста – обележана со голема отвореност, креативност, имагинација и когнитивна сложеност – е поврзана со повисок коефициент на интелигенција – заклучуваат тие.