Сутерен.мк

Знаци со кои не се расправа!

Овен

Луѓето родени во овој знак се натпреварувачки настроени и чувствуваат потреба во се да бидат први. Кај нив шансата дека ќе се предадат без борба е еднаква на едно огромно нулиште! Тие сакаат и можат да победуваат. И кога ви изгледа дека сте добиле предност, не се опуштајте – Овновите само земаат залет.

Близнаци

Близнаците се секогаш чекор пред другите. Многу добро знаат како да завршат расправија и секако, во/со тоа и да победат! Тие сакаат да дебатираат и да се кавгаат, не затоа што копнеат по тој вид на стимулација, туку едноставно – сакаат да бидат во право!

Лав

Родените во знакот на Лав, како што веќе добро се знае, се многу сигурни во себе, способни се да ве убедат во нивните аргументи и да остават впечаток на победа, дури и кога не се во право. Природната наклонетост за лидерство, си ја врши работата…

Девица

Ова се луѓе кои обрнуваат внимание на детали, кусурџии се и секогаш се анализираат, а информациите ги разгледуваат критички настроени односно, прво мораатсами себеси да се убедат дека нешто е навистина така! Поради таквиот пристап во животот, многу често се во право.

Шкорпија

Шкорпиите што и да работат, го работат со целосна посветеност и ќе кажат како стојат работите, сеедно колку и дали тоа ќе им се допадне на другите! Секогаш се подготвени за предизвик и нема да дозволат некој друг освен нив, да го има последниот збор!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *