Сутерен.мк

Зошто Германија е Германија, а ние сме ништо?

Фејсбук с(р)еќавања…

Ни раскажува еден Албанец од Тетово, гастарбајтер во Германија:

„Во фирмата каде што работам, газдата е над 65 години, но секој ден пред работниците е на работа, руча со нас во мензата, муабет со сите, за се и сешто. Така разбравме и дека немаат деца со сопругата, само тие двајца се во семејството.

Еден ден, еден наш, од гостиварско (само тој и јас бевме од Македонија во фирмиштево), му се обраќа на сопствеников на бизнисов: ’Абе, многу си чуден. Што туку се влечкаш секој ден пред сите на работа, се уште се секираш, мачиш?! Кому ќе го оставиш бизнисов? Земи продај се ова, оди шетај со жената си.’

Сите (Германци, Бугари, Турци, Грци, Руси…) заќутевме ко залеани – вакво нешто да искоментираш и на вервериците им е повеќе од јасно дека во најмала рака е дрскост.

Газдава, ’мртов ладен’, му возвраќа: ’Како бе, кому? Па на Германија ќе и оставам. На државата, која и ми го овозможила ова да го создадам.’

Не помина недела, го снема нашинецов. Бизнисменов го пријавил во Имиграционо дека не е лојален граѓанин, дека не и мисли добро на Германија, дека е себичен, лош човек кој мисли само на личните интереси.

Ене го гостиварчанецот, бере печурки по планини за да ги прехрани петте голи деца на кои ќе им остави само ’презиме’ кое го има секој втор во државава и долгови. “

Тоа е таа разлика.
Овде, во МКД, не можеш да најдеш лидер, авторитет што вака лојално размислува за државата, а не пак, бизнисмен или обичен човек.

Не сме ние мала земја.

Срцето ни е лешник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *