Зошто денес има се помалку секс?

Големо британско истражување за сексуалните навики и ставови (Natsal) покажа дека во 1990 година, младите луѓе на возраст од 16 до 24 години имале секс просечно околу пет пати месечно. До 2010 година, тој просек се намалил на околу три. Падот е особено забележлив кај паровите кои живеат заедно, во бракк или вонбрачно, но и кај постарите парови. Зошто точно, тешко е да се наведе само една причина.

„Со текот на годините забележавме пад кај сите групи“, вели Соазиг Клифтон, академски директор на Натсал. „Вистина е дека сега  помалку парови живеатзаедно отколку во 1990-тите, така што тоа може да објасни дел од приказната, но дури и ако ги погледнете само оние што живеат заедно, бројот на односи и таму се намалил“, додава тој.

Клифтон вели дека нема еден „виновник“ и нема цврсти докази што би го објасниле сето тоа, но различни студии составуваат слика. Една од најголемите промени е дигиталниот живот: луѓето се постојано онлајн, постојано достапни и постојано расеани. Со други зборови, потешко е да се „исклучите“. Наместо да поминат една вечер еден со друг, многумина завршуваат на своите телефони, гледајќи телевизија, скролајќи или работејќи уште малку.

Стресот често се наведува како уште еден голем фактор. Матичниот лекар и секс терапевт д-р Бен Дејвис вели дека комбинацијата од стрес + лошо расположение + осаменост е сè почеста во денешно време.

„Секако, тука е технологијата, но и зголемувањето на стресот, депресијата и осаменоста. Сето ова може сериозно да ја намали сексуалната желба“, објаснува тој.

Заедно со екраните и секојдневниот притисок, се споменува и тестостеронот – хормон што го имаат и мажите и жените, а кој е неопходен за либидото. Неговите нивоа природно почнуваат да опаѓаат по 30-годишна возраст, но експертите предупредуваат дека кај некои луѓе ова опаѓање доаѓа порано или е поизразено.

Професорот Џефри Хакет, уролог и член на Британското друштво за сексуална медицина, вели дека опаѓањето на тестостеронот кај мажите е сè повидливо – и тој гледа дел од причината во современиот начин на живот: „Дебелината, дијабетес тип 2 и повеќе седење – сето ова може да го уништи тестостеронот. А кога тестостеронот опаѓа, често опаѓа и сексуалната желба“, вели тој.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *