Сутерен.мк

Зошто кучето се ѕвери во вас?

Покажува љубов

Кучињата ги обожуваат своите сопственици. Па, иако можеби ви е малку и непријатно, со „ѕверењето“ кучето ви покажува дека е фасциниран од вас. Овие моменти всушност, најдобро е да ги искористите за дресура.

Нешто му треба

Во недостаток на говор, кучето со долгиот и интензивен поглед ви кажува дека е гладен, сака да го прошетате или да му го најдете омиленото топче…

Лакомост

Понекогаш единствената причина зошто упорно ве гледа кучето е затоа што нешто јадете. Тоа сака да го проба истото што го џвакате, без разлика дали ќе му биде вкусно или не – едноставно, се лакоми бидејќи гледа дека вие уживате во тоа.

Агресивност

Не се случува често, но се случува. Доколку ве гледа втренчено и телото му е вкочането, тогаш покажува знаци на агресија. Можеби сте му буричкале во неговата чинија со храна или сте му ја зеле омилената играчка…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *