Сутерен.мк

И полициска истрага против Расел Бренд

Лондонската полиција соопшти дека започнала официјална истрага против британскиот актер Расел Бренд (48), откако неколку жени го обвинија за сексуален напад и злоупотреба

По истрагата на лондонскиот „Тајмс“ и „Канал 4 Диспечес“, полицијата добила голем број обвиненија за сексуални престапи на актерот во Лондон.

„Добивме и голем број обвиненија за сексуални престапи извршени на друго место во земјата и ќе ги истражиме“, пишува во соопштението на полицијата.

Детективите од Централната специјалистичка команда за криминал во Лондон, предводени од детективот Енди Фурфи, ќе ја спроведуваат оваа истрага.

„Продолжуваме да ги охрабруваме да нѐ контактираат сите кои веруваат дека можеби биле жртва на сексуален прекршок, без разлика кога се случило“, се вели во соопштението.

Актерот јавно ги отфрли обвиненијата и ја изјави дека владата на Англија се обидува да го цензурира.
Бренд стана познат како комичар и актер, а во последниве години изгради канал на „Јутјуб“, за кој се вели дека промовира теории на заговор. Откако се појавија обвинувањата, „Јутјуб“ ги суспендираше приходите на Бренд и неговата турнеја во живо е одложена.

Како потсетување, Бренд е обвинет од четири жени за силување, напад и емоционално малтретирање во периодот меѓу 2006 и 2013 година, кога беше на врвот на својата слава и работеше за „Би-би-си“ и глумеше во холивудски филмови.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *