Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе глуми во новиот филм за галските јунаци од стрипот „Астерикс и Обеликс“.
Како што пренесува Ројтерс, најверојатно познатиот фудбалер ќе го глуми ликот Антивирус во филмот „Астерикс и Обеликс: Патот на свилата“, чија премиера се очекува во 2022 година, а ќе го режира Гијом Кане.
Триесетидеветгодишниот шведски репрезентативец објави фотографија на Инстаграм на која пишува Антивирус и со тоа практично, ја потврди шпекулацијата дека наскоро ќе го видиме и на филм.