Како што пишува Би-Би-Си, американски лекар апелира луѓето да престанат да го земаат лекот против паразити Ивермектин за лечење на коронавирусот!
Докторот Џејсон Мекелија од Оклахома вели дека мали дози од овој лек одобрени се за употреба кај луѓето, но не и за лечење на Ковид-19 и тој може да биде и опасен.
Ивермектинот, главно ветеринарно средство против паразити, станал толку вообичаен во САД што Агенцијата за храна и лекови (ФДА) минатиот месец објави соопштение со апел до луѓето да не го користат.
„Вие не сте коњ. Не сте крава“, порачаа од ФДА, предупредувајќи дека големи дози на лекот се „опасни и може да нанесат сериозна штета“.
Како што вели доктор Мекелија, пациентите кои го користеле Ивермектинот доаѓале во болница со мачнини, болки во мускулите, а некои го изгубиле дури и видот. Односно, се довеле во состојба полоша отколку да биде заразени со коронавирусот.
Иако претходно имало некои охрабрувачки резултати од помали истражувања, главниот истражувач на окфордската група, професор Ричард Хобс, изјави дека е прерано да се препорача овој медикамент за лечење на пациентите заразени со коронавирусот.
Производителот Мерк соопшти дека се уште нема научни студии кои докажуваат дека Ивермектинот делува против Ковид-19.