Веста дека Скопје е Европска престолнина на културата ја дочекав резигнирано, небаре над мене виси еден голем чудилник. Шиканирањето со Фејсбук статуси почна од личности кои своевремено објавија дека Скопје „си фати девојка“ во моментот кога оној „џинџер Мефистофел“ Данела стана „градска мајка“. Кога и ги видов сотонските веѓи и брадичето кое се слева до вратот на бронтосаурус, додека се завива со знаме како Цеца на концерт во Арена Армеец, богами, малку и ми се слоши.
Не дека не се случувало и едните и другите да позирааат пред туѓи проекти, ама ова беше како Капо од Треблинка да е знаменосец на манифестација за еврејски права.
Сето ова, ме натера да подразмислам што за мене значела дефиницијата на култура во Скопје?
Официрски дом и Коло српских сестара на Малвина заедно сo перлите, најлонките, „идем код Ленче да ми очешља пунџу“, француска матура со Флобер и „Париз је најлепши у априлу“, додека Македонија се давела во неписменост, мочуришта и маларија уште од тогаш биле “sign of times” – посран турски задник и пердуви за чарлстон.
Информбирото ни го даде Водно и студиото од „Исправи се Делфина“ каде што се прават зделки (Black Russian не се прави со мраз).
И доаѓаме до времето на кое јас се сеќавам: на она на гризелдите како Јасминка Јанева преку „ТВ манијак“ во „Екран“ и Јагода Михајловска-Георгиевска која зборуваше за Маргарет Дирас на телевизија. О, Капиштецу о, столицо од ратан.
Ноќниот живот и моделот на пијан скопски интелектуалец го запознав во раните 90-ти, пред да заминам, кога градот се делеше на крем и алтернатива, едните во полет на транзициска еуфорија во Јукан костимчиња, другите удрени во глава од хероин во „Ван Гог“.
Меѓу двата света гравитирав и јас, како и сестрите Митевски и Мирко Попов (со ешарпа и шалвари). И тогаш, можеби беа и нормални. Лабина личеше на бамби, Мирко Попов се лапаше со Божо на Свети Валентин за да промовира геј права (кога се скаравме, педер секако беше првата “лол” навреда. Не педер, педериште сум).
И сега? Лабина остарела. Не само што остарела (не е ова ејџ шејминг, работа и е да не изгледа така), туку мистериозно се трансформирала во Полјачка по име Дорота што работи во библиотека во Лоѓ. Како може некој до толку да си го изгуби моџото? Мирко е политички платеник што иако несомнено има заслуги за фактот што Скопје не стана Куманово, сега лае на Фејсбук за пари. Додека не му секнат секако, па ќе лае против. А имаше шанса да стане урбан херој… „Трбухом за крухом?“ Пресели се на запад брат и запази принципи.
МСУ и изложбата во Kunst беа еднакво дискутабилни. Мира Гацина и Бојана Шемова – chapeau. Вам ви беше местото таму! Но на Ивана Тасев?! Што мајка бараш таму опортунисту тапиран. Плус, делата кои беа претставени не се перманентно изложени во Скопје. Каков криминал.
За 2014-та не можам народот да го кривам. И на Германците им се случи нацизмот. Сите имаме темни точки, за среќа нашата не е направена од крв, туку од стиропор. Но како еден град кој беше светски chef d’oeuvre на брутализмот и потоа беше силуван да му стават ф’стан на грчка невеста од Чикаго, ќе го оправда овој статус кога културата е една од најкорумпираните и најлукративни полиња? Што можеме да научиме?
Во градот каде што место bluestocking собир на жени, теревенките на Олга Костова се social event на годината, каде Наташа Мешковска (машала Мечковска станала. Не, не е ова боди шејминг, работа и е да не изгледа така), оној одбивен трол Боте и Сандра Мијалкова скокаат на цајки ко несудени членки на „Фрајле“, а членките на „Медуза“ ладно седат на афтери со луѓе што делат Ендру Тејт видеа, само затоа што им даваат бело, изгледа ништо не сме научиле од 20-тите. Совет? Златко и Гена се еднакво излитени за „западњаците“, исто како и Боте, Мирко и Лабина.
Време е за некои нови деца. Gen Z и Gen X молам, на тоа миленијалците тури им к*р. Да научиме од Пловдив. Од една досадна „бугарска Битола“, со паметно играње, Пловдив стана култна викенд дестинација. Капаните станаа мини Mitte.
Така што, драги мои сограѓани, Безистен и Ан-овите да се средат без мешање на ИВЗ, да се научиме на самоиронија со 2014-та, и да го претвориме во инсталација на човечката глупост.
Да го средиме Бристол и целата негова историја (додека дркаме на „Москва“ и „Мажестик“, нашиот еквивалент се распаѓа).
И пред се, ве молам, декриминализирајте ја културата. И погледенете се во огледало. И чесно кажете, колку од вашите успеси се ваши, а колку партиски и криминални.
И потоа, ако имате совест, или одете си, или надградете се. Трето нема.
Со среќа, граду мој.
(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)
*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk
Фото: Маркус Винклер, Игор Мегега и Томас Мартон
Epten površno, navredlivo i subjektivno mentalno masturbiranje, ama tolku popularno kaj nas, toa ti e…
Povrshno I koncizno si izmeshal t.n. Jovane. Vaka mozhe da izreagira samo nekoj so materijalna korist od bljuvotinite na koi ti, t.n.Jovane, ochigledno si go zasnoval tvojot profesionalen pat. Nadgradi se ili odi si, treto nema.