Францускиот предлог спроти македонското – европското зазорување беше и останува болна точка за нашиот народ. Секако, причините за тоа се доста добро познати. И во голем дел оправдани. Сила бога не моли. И каде што има сила, нема правдина.
Зарем таа реалност не ја научил секој кој го поминал детството играјќи на македонските улици или ја преживеал македонската транзиција? Зошто толку збунети од ова што се случува? И зошто толку жустро против сево ова? И пред се, што треба да се случи за да почнеме да се движиме напред како општество?
Оваа колумна ја пишувам од позиција на релативен комфор. Резиденција во една од најубавите ЕУ земји, плата во највисокиот даночен сегмент, во среќна врска… Зошто имам потреба да исправам криви – дрини на Балканот? Одговорот, да бидам искрен, ни мене не ми е јасен.
Интервјуто на Васко Ефтов со Љубиша Ристиќ ми кажа зошто. Затоа штоо јас, по семејна линија, како и самата држава немаме расчистено со своето минато. Превирањата во КПЈ во доцните 30-те не му се непознати на моето семејство од мајчина страна. Богоја Фотев и Моша Пијаде заедно лежеа во затвор во Сремска Митровица. Тоа се годините на сенките над Балканот, на подемот на Тито, на книжарницата во Париз, на Зденка Кидриќ и Херта Хас.
Љубиша, претставен од Ефтов, кој самиот себеси се беше ставил во една жално – сервилна улога (дека Белград, прв дел од проблемот), во манир на некој што има познавање на работите од другата страна на ѕидот (во смисла на Достоевски преку призмата на Троја), зборува за државни тајни, непознати за нас смртниците, со сличен белетристички пристап, како Бјелогрлиќ во онаа серијана, која не сакам да ја именувам, а против својата совест, обожавам да ја гледам.
Притоа, со шарматна лежерност, со таа фиксација на Сењак, Врачар, Дорчол, Сава… и блага насмевска, Ристиќ мртов – ладен трескаше такви небулози, додека Васко Ефтов, (како петооделенец кој што гледа порнич со другарчињата и климка со главата кога ќе му речат дека шупакот е клиторис), ја впиваше целата таа искулирана индоктринирачка реторика, како кога глупа Англичанка му дозволува на нејзиниот гуру во Ашрам да ја фати за цицка.
Кога Ристиќ со цел памет изјави дека првиот напишан текст за обединета Европа бил од Димитрије Митриновиќ во фабијанското списание “New age” во Лондон за време на Првата светска војна, а нашиот како некој мисир со гуските правеше звуци – “клоклоклоклокло” („квак, квак“, на бугарски), ми идеше преку Youtube да им влезам и да ги задавам двајцата.
Едниот, поради тоа што бесрамно лаже, а другиот поради тоа што е глупав како Абориџин на кој му е даден литар моонсхине и три стакленца за кило црн опал.
Un jour viendra où les armes vous tomberont des mains, à vous aussi !
Un jour viendra où la guerre paraîtra aussi absurde et sera aussi impossible entre Paris et Londres, entre Pétersbourg et Berlin, entre Vienne et Turin, qu’elle serait impossible et qu’elle paraîtrait absurde aujourd’hui entre Rouen et Amiens, entre Boston et Philadelphie.
Un jour viendra où la France, vous Russie, vous Italie, vous Angleterre, vous Allemagne, vous toutes, nations du continent, sans perdre vos qualités distinctes et votre glorieuse individualité, vous vous fondrez étroitement dans une unité supérieure, et vous constituerez la fraternité européenne, absolument comme la Normandie, la Bretagne, la Bourgogne, la Lorraine, l’Alsace, toutes nos provinces, se sont fondues dans la France.
Un jour viendra où il n’y aura plus d’autres champs de bataille que les marchés s’ouvrant au commerce et les esprits s’ouvrant aux idées.
Un jour viendra où les boulets et les bombes seront remplacés par les votes, par le suffrage universel des peuples, par le vénérable arbitrage d’un grand Sénat souverain qui sera à l’Europe ce que le parlement est à l’Angleterre, ce que la Diète est à l’Allemagne, ce que l’Assemblée législative est à la France!
Овој извод од говорот на Виктор Иго, кој бил од големото добрутро и не пишувал само за “ненакитени“ грби како таа на Квазимодо (во Макежалнија ги китиме), туку и бил политичар и одличен говорник, а неговиот говор на Конгресот за мир во 1848-ма, се смета за зародиш на идејата за обединета Европа.
Секако, кога сме вакви Абориџини кои во меѓународната политика се претставувани или од размазени копиленца што личат на продавачи на половни коли со замазнетите косичиња како Димитров или од шарковци како Хорхе на пример, ќе бидеме третирани како Абориџини со опалот, зашто подобро не заслужуваме.
Кога еден Србин, чија единствена причина за супериорност му е краткотрајната средновековна држава и педесет години помалку турцизам, може вака да не дрибла, нека не ебат на суво. Белград го сакам. Секако, освен Офелија Димковска, никој друг Македонец (како ниту Париз), не го видел. Шала и климакс на страна, јас сум еден од ретките Македонци што понекад убоде и неки падеж.
Мојот Белград е Мажестик, Рокфелериовиот апартман во Бристол, вистинскиот апартман во Москва, Бајлониевци, но никогаш, ама баш никогаш не заборавив дека тој град е граден со наши пари колку и со нивни. Тој град е и наш. Чешмата на Теразије е градена од Македонци. Москва… Место да се чувствуваме како дивиот Југ или како еврејската двојка што во Казабланка оди за Америка и мисли дека знае англиски, со култнтата реплика: „Liebschen, what watch? Тen watch! Such much!?“, да научиме и да разбереме дека всушност, ние сме и дел од причината што тој град се уште од нас добива воздишки.
Јас го газам како да сум му газда. Кој бил со мене таму, знае. И секако, мојата огромна југоносталгија има едно озбилно решето, кое пушта низ вода испрдоци како Љубиша Ристиќ, но задржува дизајн на Искра телефони, Yassa јакни и знаење математика. Наравоучение?
Што би рекол Лазо, додека иднината на балканската Европа се кроела, кога преставниците на земјите кои сега ни се курчат играле „б’ззз“ во ходник. Не ги ни пуштиле во сала.
Затоа, едуцирајте се, решето и сито во рацете и почнете да сеете како мечката додека комар бег се женел. Задржете го она што вреди и одете во Белград, како газди.
И потсетете го Љубиша на говорот на Виктор Иго.
(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)
*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk