Овој текст го пишувам во малку “disjointed” расположение. Во моментов, гаќите ми висат во Осака. Пост пандемиски, грандиозниот салон изгледа можеби и “too much”. Ама некако, некаде, можеби животот продолжува напред?!
Правам огромен, старо-нов професионален исчекор на позната-непозната територија. Сабота е, седам во кафуле на Амстелстрат, откако нервозно на Мечката и купив нови Мартенс и како Киро Пачемски (#rip), колнам во себеси како пак, се прелажав да потрошам пари на друг, а не на себе.
Да кажеме дека животот ми е вратен на едно комфорно ниво, на кое оддамна сум навикнал и фала богу, некако успевам да го одржам. Можеби со поголема доза хумор и цинизам, но сепак, тука се и Париз и Њујорк и палтата од кашмир и пирето од костени од Ангелина во Париз, а сето тоа проткаено со некоја доза на нерационално “кој му ебе матер”, како Линда Радлет во “Потрага по љубовта/Љубов на Северна клима” на мојата сакана Ненси Митфорд.
Линда, со војводата од Совтер во љубовното гнездо е облечена во Ланвин и Шанел, додека германските бајонети се острат и неколку мига/денови/месеци пред да се чуе дум/дум/дум-от на окупаторските чизми по Елисејските полиња.
Во меѓувреме, во нашата жална Македонија, се отвараат и палат клубови од едни на други фашисти, неутралата глуми лудило и зграната квака за платата на Софијанова, додека истата се издржува со “крипто валути” и дрнка на фестивали организирани од сменетата луда струмичка пијанистка (секако, не по заслуги), ситно уживајќи ги благодетите на корупцијата, но ликувајќи во својата морална супериорност.
Бидејќи скоро со никого не сум во контакт, социјалните медиуми ми се единствениот прозорец кон збиднувањата во кутрата ни земјичка во која скокање стих во песна од национално значење е побитно, од не знам, фактот што во Македонија не постои стручен кадар (речиси) и што државата се распаѓа, само и единствено, по наша заслуга.
Гледам, таткото на скопскиот ноќен живот, Мирко Попов, споделил интервју од Слободанка Тренчева т.н. Боте. Пуштил Мирко музика на Терапија, добил некој 200 евра… Мање више, нормална реакција. Да сподели, да испоштуе. Сето изгледа доста невино. А мене пак, ова ми личи на капитулација.
Не е Слободанка главниот проблем во Македонија. Далеку од тоа. Но, Слободанка отворено му „шегртува“ на Мијалков. Човекот кој ги уназади човечките слободи во земјата со децении. И место нормални луѓе да посочат дека нема смисла „мутен тип“ како Слободанка да зборува против корупција и да ендорсира работливост (џонгавите коленца во машки бермуди и се 24/7 паркирани по кафани), а еден либертаријанец да ја споделува, секоја нормална реакција (т.е. дали сте ебено нормални?!) е проследена со фрлање дрвја и камења. Не е Боте проблемот. Проблемот е нејзиниот entourage од ЛГБТ, НВО, Шарена, државни службеници, Хелсиншки… организации кои трошат 200 000 евра годишно на консултантки, ТВ новинарки и сличен џган, кој за две црти бело и понекоја пијачка се во состојба да ги слушаат ломотењата на Слободанка, која има IQ на Ниче Македо. Сепак, Боро, Мачки, Пабловци… колку и да се rough, останаа подоблесни.
Македонците се на продажба, ништо ново. Но цената никогаш не била толку ниска, а прифаќањето на идиотите никогаш толку јавно и бесрамно.
Вториот шок ми дојде кога една моја ултра фина пријателка напиша статус за тоа како сме биле прелажани од нашите и од системот дека по нашата трудољубива младост (она у двојката, јас во четворката, „ЈБТ“, генерација 1992-ра, озбилни ин extremis), сме сметале дека ќе не чека ремунерација по заслуга. Секако, се залеано со иронија и оправдана горчина.
Во статустот се пронајде (како побогу?!) Киро Колемишевски, бивш заменик министер, т.н. Киро Лилјакот, познат како можеби, најтупото дете во „ЈБТ“ во тие години и син на Панде (кој на стари години се пронајде во улогата на патриотски колумнист), кој ништо, никогаш во животот не добил без дебели ургенции. Имај доблест и ќути.
Или пак една моја школска (фан на Боте), која наводно се скапала од учење, а заборави дека во нејзиниот удбашки стан од 200 квадрати, добиен верувам, во замена на квардрат за секоја вошка на татко и, требаше да и објаснувам полиноми едно две години. Е, тие, во својата делудираност, се препознаа во тие доблесните.
Третата работа што мора да се спомне е дека ја видов најдобрата аналогија на Македонија во последно време. Праќаме на Европски јуниорски куп лизгачка. Праќаме здепасто дете што едвај скока (на 15 години Камила Валиева скока по осум четирикратни скокови во програма), го облекуваме во провокативен костим, го шминкаме како за во бордел, му даваме многу захтевна кореографија, го фрламе на големата сцена и го гледаме како му се плеткаат бандавите ноџиња во обид да направи комплексни арабески и потоа, Цацко ни е виновен.
Македонијо, тинејџ проституко, нацрвена, на лизгалки во лига во која не припаѓаш.
Лекот е бавен, но лесен. Кога ќе чуете идиот да ви кажува како треба, замолкнете го. Не ендорсирајте глупави луѓе поготово, ако садат тикви со ѓаволот и секако, држете се што подалеку од нивниот entourage. Таму лежи вистинската токсичност.
На Боте, се најубаво и малку да се опамети да не се стави во филм, бидејќи хиените околу неа се немилосрдни. А на Мирко, среќен принципиелен 50-ти роденден и на Македонија, особено на потомците на тие 1000 вистински провоборци од 1941-ва.
П.С:
Слушајте предавања на School of Materialist Research, имате chef d’ouvre во Скопје. Добра шанса да почнете да го споделувате ова, место заблудените трипови на нашата непостоечка елита.
(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)
*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk