Сутерен.мк

Лечење на ХИВ со крв од папочна врвца!

Средовечна жена, која сакала да остане анонимна, а која боледувала од ХИВ и леукемија примила револуционерен третман кој вклучува матични клетки од крв од папочна врвца. Американските лекари ѝ инјектирале крв од папочната врвца, која вообичаено се користи за лекување на акутна миелоидна леукемија, форма на рак кој се развива во коскената срцевина!

Таа е првата жена и трета личност во светот која добила ваков третман.
„Сега, само 14 месеци по трансплантацијата, нејзината крв нема траги од вирусот. Дополнително, успешната терапија доведе до ремисија на леукемијата што ја разви во март 2017 година поради ХИВ инфекцијата“, додал тој. „Научниците веруваат дека крвта од папочната врвца од новороденче може да биде поприлагодлива од матичните клетки на возрасните“, вели д-р Коен ван Бесиен.
Д-р Стивен Дикс, предавач за СИДА на Универзитетот во Сан Франциско, кој не бил вклучен во студијата, бил импресиониран од резултатите:

„Има нешто магично во овие клетки и евентуално нешто магично во крвта од папочната врвца. Во споредба со типичните трансплантации на матични клетки од возрасни, кои излечија двајца мажи од ХИВ по драстично закрепнување, крвните клетки од папочната врвца се далеку подостапни за повеќе пациенти, особено за луѓето од различни раси“, вели д-р Дикс. „За разлика од традиционалните трансплантации на коскена срцевина, во случај на употреба на крв од папочна врвца се овозможува трансплантација да добијат и пациенти на кои само делумно одговара на нивната крвна група.“

Повеќе од половина од заболените од ХИВ се жени, од 38 милиони случаи ширум светот, но но, само 11 отсто од нив се дел од клиничките испитувања за наоѓање лек. Се проценува дека 73 отсто од луѓето кои живеат со ХИВ добиваат традиционален третман, главно антиретровирусни лекови. Меѓутоа, во ретки и екстремни случаи, трансплантацијата на коскена срцевина е опција, но таа е скапа и инвазивна и сама по себе носи големи ризици.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *