Сутерен.мк

Илон Маск лансираше 22 сателити во орбитата

Компанијата „Спејсикс“, во сопственост на милијардерот Илон Маск, лансирала 22 сателити „Старлинк“ во орбитата ноќта помеѓу недела и понеделник.
Ракетата „Фалкон 9“ со вселенското летало „Старлинк“ полета од вселенската станица Кејп Канаверал на Флорида во 20 часот и 50 минути по локално време, а во 1 часот и 50 минути по наше време.

Дел од ракетата „Фалкон 9“ се вратила на Земјата 8,5 минути по полетувањето, како што било планирано и слетала на беспилотен брод во Атлантскиот Океан.
Ова е шесто лансирање и слетување на оваа ракета, објави „Спејсикс“.

Горниот дел од ракетата „Фалкон 9“ продолжил да ги носи сателитите во орбитата, каде што пристигнале според распоредот, околу 65 минути по лансирањето.

Само овој месец, „Спејсикс“ лансираше пет групи на Старлинк интернет сателити во орбитата. Тие лансирале повеќе од 4.850 вселенски летала, изјавил астрофизичарот Џонатан Мекдауел. И бројот на овие авиони ќе продолжи да расте. „Спејсикс“ има дозвола да испрати уште 12.000 сателити во орбитата, а аплицирале за уште 30.000 дозволи.

Патем, сопственикот на Твитер, Илон Маск нели, вчера објави дека познатата птица од логото ќе ја замени со буквата „Икс“ (Х), како дел од ребрендирањето на платформата. Тој најави дека промената ќе се случи денеска.

Интернет-адресата на социјалната мрежа сè уште е twitter.com, но наскоро треба да се смени во x.com. Објавите на социјалната мрежа, пак, наместо „твитови“, сега ќе се нарекуваат „иксови“.

Промената на логото и целиот ребрендинг ќе биде последната во низата големи промени што Маск ги воведе откако го презеде Твитер, кој го купи минатата година за 44 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *