Сутерен.мк

Има ли смисла животот без секс?

Секако дека да.
Сексот е преценет, во било која смисла.
Нејсе.

Сексот е физичко задоволство, начин на изразување на интимна, емотивна и духовна поврзаност. Секогаш претпоставуваме дека долгите врски вклучуваат физичка и емотивна блискост. Меѓутоа за некои парови сексот не е главниот фактор во нивната врска.

Тој ни помага да се ослободиме од стресот, но исто така може да биде и голем извор на стрес.
Во некои земји, жените немаат право да одбијат секс кога нивниот сопруг го бара тоа од нив. Во одредени држави во САД недостатокот на секс во брак е една од основните причини за развод. Во овие држави при развод и’ се доделува статусот “виновна” на сопругата која одбила секс од својот сопруг.

Иако тој статус не влијае врз финансиското нагодување и прашањето за старателство над децата, тој е причина поради која разводот може да се забрза.

Социологот и професорка Дениз Донели голем дел од својата кариера го посветила на анализирање на врските во кои нема секс. Со своите истражувања ги утврдила главните причини за целибат и недостаток на сексуални односи.

Колку е подолга врската, толку се зголемуваат шансите помеѓу партнерите желбата за секс значително да се намали.

Дури и младите парови можат доброволно да се откажат од секс доколку се соочени со голем број притисоци од страна. Промените во врската исто така можат да бидат причина за целибат, а бременоста најчесто една од причините. Некои парови се откажуваат од секс за време на бременоста, а потоа тоа продолжува и по раѓањето на детето.

Развојот на хронични болести не е секогаш “убиец” на сексот во врските, но има големо влијание на либидото на партнерот. На желбата за секс не влијаат само физичките проблеми поврзани со болеста туку и лековите кои се кознумираат.

Верските уверувања исто така влијаат врз сексот. Многу религиозни луѓе имаат богат сексуален живот, особено доколку нивната религија препорачува репродукција. Меѓутоа, изложеноста на верските учења кои наметнуваат забрана во сексуалниот живот доведува до тоа некои луѓе да не можат сексуално да се изразат себе во своите врски и ги сокриваат своите желби и потреби.

Кога парот ќе се најде во некоја од овие ситуации, дали врската е осудена а пропаст или и без секс постои среќа во врската?

Изгледа дека сексот не мора да биде погубен за врската. Доколку парот својот “целибат” го гледа како нешто што не е невообичаено во нивната нормативно социјална средина, тогаш не го доживува негативно и резултатот на тој целибат не мора да биде негативен.

Иако, генерално гледано, сексуалната активност е позитивно поврзана со задоволството во врската, на многу парови не им смета целибатот. Тие можат да одржат квалитетен однос бидејќи на недостатокот во врската гледаат како на нешто што е вообичаено и нормално.

Од друга страна пак, доколку луѓето се присилно приморани на целибат бидејќи нивниот сексуален живот не ги исполнува, сексуалното незадоволство негативно ќе влијае врз врската. Во овие случаи луѓето сексуалното задоволување го бараат надвор од врската, а тоа доведува до нови проблеми со партнерот.

Понекогаш паровите свесно одлучуваат да останат во врска која не ги задоволува бидејќи сметаат дека во неа вложиле премногу време и енергија. Поради тоа не дозволуваат да дојде до прекин и почнуваат да ја ценат приврзаноста и љубовта без секс.

Понекогаш нивното друштво и семејството ги поттикнува на тоа, без оглед на проблемите да останат заедно бидејќи се добри еден за друг па паровите остануваат заедно верни на таа перцепција дека се добар пар.

Гледно од емотивна страна, некои остануваат во врска без секс бидејќи својот партнер го доживуваат како најдобар партнер или како идеален партнер.

Љубовта, заедничките вредности, цели и искуства се сврзно ткиво на врската во која нема секс.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *