Сутерен.мк

Имало три кучиња во дворот во Пинтија

Поради сомневањето кое е во природата на расата булмастиф кон странци социјализацијата и тренирањето се клучни на рана возраст, пишува американската ветеринарна компанија Хилспет

Според пишувањата на социјалните мрежи, детенцето од Пинтија било нападнато од 12-годишниот Дачес, но во дворот имало уште две кучиња од истата раса. На сопственикот Н. Г. одземени му се две, Дачес и уште едно кое е старо две години, исвести вчера АХВ, бидејќи од увидот, како што наведе Авгенцијата за храна и ветеринарство е утврдено дека во нападот учествувале две кучиња.

Инаку, неодамна во групата Миленици мк на Фејбук, беше објавено кои се најагресивните раси на кучиња, а меѓу нив е и булмастиф, токму кучето кое го уби осумгодишното момче.

-Питбул, Американски Питбул Териер (Були ЏЛ), Боксер, Француски Булдог, Стафордшајр Териер, Булмастиф, Бостон Териер и Бул Териер се раси на кучиња кои спаѓаат во категоријата на Були (Малтретатори) – раси кои се со векови парени и тренирани за агресија. Според светската статистика, 83% од нападите и убиствата од кучиња се случуваат токму од горенаведените раси.

Ви го препорачувам доленаведениот американски канал, со цел и самите да се уверите колку деца и возрасни имаат обезличено и усмртено овие копнени ајкули. Ваквите раси треба да престанат да бидат парени и продавани, освен ако не посакувате да си ја набавите сопствената смрт. стои во објавата на Миленици.мк.

Инаку, за природата на булмастифот детално пишува Хиллспет, и оттаму наведуваат дека оваа раса кучиња се приврзани со членовите на семејството и се со „генерално мирна, лесна природа“.

Булмастифите се нежни и приврзани со членовите на семејството. Нивната генерално мирна, лесна природа ги прави добри кучиња за семејства со разумно добро воспитани деца. Сепак, лежерниот однос на булмастифот со членовите на семејството веројатно ќе се промени кога некој странец ќе влезе во сликата. Овие кучиња имаат тенденција да бидат прилично сомнителни кон луѓето надвор од семејството.

Семејството со булмастиф ќе биде наградено со посветен, лојален придружник. Сепак, и покрај генерално лежерната природа на кучето, надзорот е императив кога кучето е околу деца бидејќи кучето е толку големо што може ненамерно да го собори детето. Социјализацијата и обуката се клучни за успешно живеење со оваа раса. Со изложување на кучето на што е можно повеќе нови луѓе, места и ситуации, особено кога е кутре, тој може да биде помалку сомнителен кон посетителите и луѓето што не ги познава, наведува Хилспет.

Оваа раса е развиена во средината на 19 век од британски ловочувари кои имале за цел да ги заштитат селските имоти од ловокрадците. Со вкрстување на мастифот и булдогот, одгледувачите сакале да развијат моќно, активно животно кое може брзо да помине кратки растојанија, да собори ловокрадец на земја и да го држи додека не дојде ловочуварот за да го фати натрапникот. Булмастифот официјално за раса на кучиња е прифатена во 1933 година.

Македонија нема регистар на опасни раси кучиња

Во поразвиените европски и светски земји кучињата како што се питбул, аргентиска дога, мастифите, па дури и шарпланинец, кои што можат да предизвикаат опасност се забранети.

Од Анима Мунди сметаат дека ваквиот закон треба да се примени и во Македонија.Велат дека треба да се формира стручна група, кој врз основа на експертиза ќе одреди кои кучиња се опасни и не треба да се чуваат како домашни миленици.

-Според тоа колкава сила има кучето за да нанесе штета, ако земеме една чивава, која може да покаже далеку поголема агресија од еден питбул, меѓутоа питбулот може да нанесе штета со само еден напад. Тие стручни лица направиле категорија на кучиња што може да предизвикаат голема штета доколку нападнат и тие кучиња едноставно се забранети за било какво размножување, чување, увоз, извоз значи се, такви кучиња во тие држави нема. Така треба да биде и тука, сите тие кои што моментално чуваат такви кучиња, треба да ги стерилизираат и кастрираат за да се сопре нивно размножување и да се забрани увоз на тие одредени раси, вели Гизела Бошковска од Анима Мунди.

Сепак, според Бошковска најголемите пропусти се институционални, а ахв ндма ниту капацитет да врши редовни контроли на терен

Треба да се контролира и дали секој што чува куче е одговорен сопственик, меѓутоа кај нас тоа е слаба страна, имплементацијата на законот за заштита и благосостојба е еднаква на нула, инспекторите на АХВ исклучиво постапуваат по пријави. Значи доколку граѓанин пријави ќе отидат на терен, меѓутоа да се прави редовна контрола, нема ништо од тоа. Само на територија на Скопје се тројца или четворица што треба за сите животни буквално, не збориме само за кучиња и за мачки, збориме и за овци и за коњи и за се што е животни тие ја спроведуваат така да и капацитетот на агенцијата е премал за да ги опслужи сите општини на Скопје. вели Гизела Бошковска од Анима Мунди.

И во другите градови состојбата е поразителна, бидејќи според информациите, има по еден инспектор на три града. Дека треба да има построги регулативи за домашни миленици сметаат и кинолозите за да се избегнат несакани ситуации.

Извор…
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *