Сутерен.мк

Имигрант освои 500 000 евра на лотарија

Воен имигрант од Украина освоил 500.000 евра благодарение на лотарија, соопшти денеска Белгиската национална лотарија.
Победникот е на возраст меѓу 18 и 24 години и живее во Брисел последнава година, објави „Ројтерс“. Минатиот месец на бензинска пумпа купил гребка од пет евра, која била со голема добивка.

Идентитетот на добитникот ќе остане непознат, како што е случајот со сите белгиски добитници на лотарија. Портпаролката на Националната лотарија рече дека добитникот имал измешани чувства.

„Тешко е да се биде задоволен со оглед на се што се случува во неговата татковина“, истакна таа и додаде дека младиот човек прво сака да направи прослава за да им се заблагодари на сите што му помогнале да се интегрира во Белгија, а потоа сака да направи нешто за неговите сонародници и обновата на Украина.

Таа спомна дека мажот, иако е среќен во Белгија, каде што се вработил, би сакал да се врати во Украина штом ќе заврши војната.

Добивките од лотарија во Белгија се ослободени од данок, а интересено е што минатата година 165 луѓе од мало белгиско село освоиле 142.897.164 евра на лотарија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *