Сутерен.мк

Исповед на Шерон Стоун за мајчинството

Актерката Шерон Стоун за прв пат се огласи за борбата за потомство и откри дека имала девет спонтани абортуси. Убавицата од филмското платно која ја паметиме од „Ниски страсти“ го сподели ова откритие на Инстаграм. Шерон (64) почувствувала потреба да реагира под објавата на магазинот „Пипл“ во која танчерката Пита Мургатројд открила дека го изгубила детето.

„Ние како жени немаме место каде што можеме да ја споделиме длабочината на ваквата загуба. Изгубив девет деца со спонтани абортуси“, напишала актерката јавно под таа објава.

„Спонтаниот абортус не е мала работа, ниту физички, ниту емоционално. А сепак, нè тераат да мислиме дека треба да го издржиме сами, тајно, само со чувство на неуспех. Наместо околината да ни даде сочувство, емпатија и исцелување кои очајно ни требаат“, продолжи Шерон, која минатата година ги запрепасти сите со признанието за злоставувањето што го доживеала.
„Здравјето и благосостојбата на жените се препуштени на машката идеологија која е во најмала рака опуштена, често непоткована со факти и насилно опсесивна во активностите“, напишала убавата Шерон.

Актерката има посвоено три момчиња.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *