Магазинот за патувања „Конде наст травелер“ објави листа со места со најљубезни и најнасмеани луѓе во Европа, а за тоа одлучија гласовите на нивните читатели.
– Луѓето се тие што ги прават местата подобри, а европските градови се дом на едни од најљубезните жители во светот – се вели во текстот.
Магазинот наведе десет најсрдечни градови. На првото место се најде италијанскиот град Сиена.
– Има многу кафулиња, семејни ресторани, а градот е познат по Палио – коњска трка без седла која се одржува секое лето на „Пјаца дел Кампо“ – пишува магазинот. Се разбира, локалните жители се познати по нивното гостопримство.
На второто место се најде ирскиот град Корк.
– Ова место има одличен карактер, возбудлива кулинарска сцена, изобилство од кафулиња, музеи и легендарен пазар за храна – пишува магазинот.
Во продолжение е целата листа:
10. Љубљана, Словенија
9. Букурешт, Романија
8. Дубровник, Хрватска
7. Сан Себастијан, Шпанија
6. Малага, Шпанија
5. Белград, Србија
4. Хелсинки, Финска
3. Даблин, Ирска
2. Корк, Ирска
1. Сиена, Италија