Според светската статистика, вкупно 32 земји ги имаат легализирано истополовите бракови, а во уште 14 дозволени се цивилни заедници.
Сепак, во 149 земји ова не е дозволено во никаква форма.
Земји со легализирани истополови бракови се: Аргентина, Австралија, Австрија, Белгија, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Данска, Еквадор, Финска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Луксембург, Малта, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Норвшка, Португалија, Словенија, Јужноафриканска Република, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајван, Велика Британија, САД и Уругвај.
Земјите во кои се дозволени истополовите заедници се: Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Италија, Лихтенштајн, Монако, Црна Гора, Аруба, Сан Марино, Бермуда и Кајманските острови.