Сутерен.мк

Какви подароци добиваат номинираните за Оскар?

Само неколкумина од најпрестижната филмска церемонија (ноќта меѓу 12 и 13 март) ќе си заминат дома со статуеттката Оскар, но сите номинирани актери и режисери традиционално добиваат подарок од организаторите полни со разни скапи „ситници“ добиени од спонзори.

Оваа година вредноста на пакетот кој оди во рацете на 25 актери и режисери чини околу 120 000 евра, што значи дека организаторите издвојуваат речиси три милиони евра за „малиот знак за добредојде“ на најголемите ѕвезди на вечерта.

Таа сума ја плаќа маркетинг компанија која нуди можности за брендирање и рекламирање на многу бизниси во забавната индустрија.

Номинираните во главните категории ќе имаат можност да престојуваат во луксузните одморалишта во Отава и да имаат на располагање спортски автомобил за целиот период на престојот. Им се нуди и можност да го посетат вулканскиот остров Искија во Италија, но и да си изградат викендица во Австралија, каде што добиваат парче земја на подарок.

Пакетот е полн и со производи од скапи козметички брендови третмани за подмладување, но и врвни прехранбени производи.

Ова не е ни најскапиот пакет со подарок што го добиле холивудските ѕвезди. Рекордот му припаѓа на пакетот што го добија номинираните во 2016 година, вреден околу 220 000 евра. Т
Тогаш ѕвездите можеа да сметаат на 15-дневна приватна турнеја низ Јапонија, 10-дневно патување во Израел и престој во Италија и Калифорнија.

Тие имаа и ваучер од 5 000 долари за третман по нивен избор кај баран пластичен хирург од Њујорк, третман за подигнување на градите кој чини речиси 2 000 долари и вибратор од 250 долари.

Брендовите кои учествуваат во подготовката на пакетите за ѕвездите плаќаат дури 4 000 долари за ова „задоволство“, а номинираните не се ни обврзани да ги промовираат. Често се случува актерите и актерките да ги заборават и воопшто да не ги однесат дома.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *