Мала промена во исхраната, кога оброците ги збогатувате со исхрана полна со свеж зеленчук и ја намалувате преработената храна, може да биде многу корисна за меморијата и функцијата на мозокот, сугерира ново истражување.
Меѓународниот тим истражувачи што ја воделе студијата дошле до заклучок дека медитеранската исхрана ги забавува знаците на забрзано стареење на мозокот.
Скенирањето на мозокот по 18 месеци покажа дека возраста на мозокот на учесниците изгледала речиси девет месеци помладо од очекуваното во споредба со процените за хронолошката возраст на нивните мозоци. Ова не е невообичаено, бидејќи можеби не се чувствувате толку старо колку што сте живееле или ви се чини дека вашето тело старее побрзо од вас – тоа е разликата помеѓу биолошката и хронолошката возраст.
Во секој случај, истражувањата покажуваат дека биолошката возраст на вашето тело е многу повеќе од чувство: знаците на биолошкото стареење може да се најдат испрекинати по должината на вашата ДНК, врежани на краевите на вашите хромозоми или, како што сугерира оваа студија, во лабавите врски на мозокот.
Додека сѐ поголем број истражувања откриваат дека биолошкото стареење предизвикано од стресни настани може да биде реверзибилно, оваа нова студија покажува дека подобрувањето на вашата исхрана може да биде една од наједноставните опции за подобрување на состојбата на вашето тело, без оглед на возраста.
Во студијата, истражувачите ја снимиле мозочната активност на 102 учесници во клиничкото испитување спроведено на едно работно место во Израел. Скенирањето на мозокот беше направено еднаш пред да започнат промените во животниот стил и повторно по 18 месеци.
Групите се хранеле на три начини – медитеранска исхрана со многу јаткасти плодови, риба и пилешко наместо црвено месо, потоа медитеранска исхрана со додавање зелен чај, а третата група следела диета базирана на насоки за здрава исхрана. Истражувањата потврдија дека медитеранската исхрана позитивно влијае на помнењето кај постарите луѓе.
– Нашата студија ја нагласува важноста на здравиот начин на живот, вклучувајќи помала консумација на преработена храна, слатки и пијалаци, за одржување на здравјето на мозокот – вели водечкиот автор и невролог Гидон Леваков од универзитетот „Бен-Гурион“ во Негев, Израел.