Сутерен.мк

Како да изнервираш Британци?

Дејвид Бекам синоќа се појави на доделувањето на БАФТА наградите и одржа говор, а со само една реченица ги разбесни Британците.

За време на својот говор на сцената, фудбалерот го кажа зборот „сокер“, американскиот збор за фудбал, наместо британскиот збор „фудбол“ на неговиот мајчин јазик.
Овој момент брзо се прошири на социјалните мрежи, а особено ги налути Британците кои го критикуваа дека им „ласка“ на Американците.

На доделувањето Бекам се поздрави и со принцот Вилијам, кој на доделувањето дојде без сопругата Кејт Мидлтон за првпат по многу години.
Инаку, Килијан Марфи, Роберт Дауни Џуниор и режисерот Кристофер Нолан беа наградени за нивната работа на „Опенхајмер“, додека филмот доминираше на овогодишните награди БАФТА.

Марфи беше прогласен за најдобар актер за улогата на Роберт Опенхајмер, познат како таткото на атомската бомба, додека Дауни Џуниор ја освои наградата за најдобра споредна машка улога.

Драмата освои вкупно седум награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм.

Филмот „Кутри нешта“ собра пет награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобра актерка за Ема Стоун.

Најдобрата споредна женска улога ѝ припадна на Давин Џој Рендолф за „Божиќните сирачиња“.

Ова е и прва БАФТА награда за режисерот Кристофер Нолан, од чија кариера дел се и „Данкерк“, „Зачеток“ и „Црниот витез“.

Наградата за најдобар британски филм ја доби „Зона на интерес“ за командантот на концентрациониот логор и неговото семејство кои живееле до Аушвиц за време на Втората светска војна.

Филмот во кој главно се зборува на германски, ги освои и наградите за најдобар филм на неанглиски јазик и најдобар звук.

Во меѓувреме, „Момчето и чапјата“ стана првата јапонска продукција која ја освои наградата за најдобар анимиран филм.

Двете награди за најдобро сценарио им припаднаа на француската судска драма „Анатомија на падот“ и „Американска фикција“.
Од друга страна, филмот „Барби“ не однесе ниту една награда, и покрај тоа што беше најуспешен филм во кино-салите минатата година и имаше пет номинации за БАФТА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *