Сутерен.мк

Како да се доживее 100-тата?

Иако никој нејќе да остари, сите сакаме да живееме долго, а пет изолирани острови се чини, го имаат рецептот за долговечност!

Наречени се „сини зони“ и нивните жители многу често доживуваат 90, па и сто години. Овие подрачја се островот Икарија во Грција, Сардинија во Италија, Никоја во Костарика, Икинава во Јапонија и Лома Линда во Калифорнија, САД, а она што им е заедничко на тамошните луѓе е следново…

Природно движење

Најдолговечните луѓе на светот главно живеат во опкружување и со навики, кои ги тераат на постојано движење без размислување. Обработуваат градини и одгледуваат домашни животни и секојдневно многу пешачат заради ваквите обврски.

Имање цел

Луѓето во Сините зони знаат „зошто се будат наутро“. Имаат силно чувство за своите цели и улоги во светот.

Ослободување од стресот

Ритуалите на овие луѓе им помага да се ослободат од стресот: легнување во исто време, па така и станување во исто време (без будилник), молитви, спомнување на предците и раскажување за нив, попладневни дремки…

Без прејадување

Денот не го почнуваат без појадок, последниот оброк им е доцна попладне или во раните вечерни часови и е најскромен во денот, не внесуваат повеќе од 1 900 калории дневно и постат за време на верските празници!

Растителна храна

Месо јадат само пет пати месечно. Главните намирници за секојдневната исхрана им се оние што растат во нивната бавча.

Пијалаци

Пијат и до три кафиња до пладне, а потоа преминуваат на чај. Пијат многу вода, а после пет попладне преминуваат на вино, но секогаш со јадење и во добро друштво.

Семејна блискост

Семејствата кај долговечните се многу блиски, а често и неколку генерации живеат под ист покрив. Целиот нивен живот се врти околу бракот, децата, внуците и семејните обврски. Знаат дека не се сами, па не се ни замараат со стареењето.

Пријателства

Многу важност им даваат на пријателствата. Си помагаат меѓусебно, ги негуваат односите и обврзно, секој ден се сретнуваат – во кафеана или пак, за некоја работна обврска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *