Сутерен.мк

Како се однесува вистинската елита?

Откако „Спанкс“ (американски бренд за облека за обликување на телото) беше проценета на 1,2 милијарда долари (бидејќи инвестициската фирма „Блекстоун“ го купи мнозинскиот удел во компанијата), основачката на брендот Сара Блејкли, одлучи да го сподели богатството со својот тим!

Сара организирала забава за да го прослави успехот на компанијата, а на своите вработени им рекла дека ќе ги награди бидејќи без нив не би успеала. Таа ги известила дека секој ќе добие по 10.000 долари и два авионски билети за бизнис-класа за дестинација по сопствена желба.

Со оглед на тоа што нејзината компанија има 500 вработени, ова дефинитивно не беше мал гест.

– Ако одите на патување, сигурно би сакале и да излезете на убава вечера, или би сакале да одите во убав хотел, па со два авионски билети добивате и по 10.000 долари – им рекла таа на вработените.

Сара Блејкли е креаторка на корсети, хеланки, хулахопки, костими за капење, долна облека… што ги носат сите холивудски свезди, а во 2012 година блесна на насловната страница на магазинот „Форбс“ како најмладиот милионер кој сам го создал своето богатство.

„Пред две децении бев само девојка со едноставна, бесмислена работа и луда идеја. Немав многу пари, искуство или знаење за индустријата. Но, решив да влезам во сето тоа “, изјави во една прилика Блејкли, која го основала „Спанкс“ во 1998 година, со заштеда од само 5000 долари од продажба на факс машини од врата до врата. Без искуство во дизајнот, бизнисот или производството, Блејкли на крајот го изградила „Спанкс“ во марка вредна милијарда долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *