Катица Ќулавкова: За ситна пара

Три книшки (плус Свештената стара и нова историја која треба да се разгледа внимателно) на великиот Партениј Зографски се објавени од изд. куќа “Икона” од Скопје, со поддршка на фондот Бугарска помош за развој.

Во оригинал текстот е напишан на западномакедонскиот мијачки народен говор, со тогашната кирилица, со елементи на црковната. Сепак, издавачот го дал на “превод од бугарски”, неодамна, 2023 година.

Неверојатно.

Со кои лингвисти се консултирал издавачот?

Требало да се направи само адаптација на современ македонски литературен јазик.

За ситна пара голема штета и’ се прави на историската вистина и на македонската кауза. Еден јазик може да се пишува на повеќе писма, тоа не значи дека се работи за друг јазик.

(Авторката е книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, универзитетски професор, поет и раскажувач, академик – редовен член на МАНУ.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *