Сутерен.мк

Кога е компирот опасен?

Честопати на лушпата на компирот се забележува зелена боја, но ретко кој обрнува на тоа особено внимание. Обично, само ќе го отстраниме тој дел од зеленчукот и, готово! Меѓутоа, велат стручњаците, компирот кој има зелени дамки не е воопшто здрав за конзумирање, туку напротив!

Зелените делови на компирот укажуваат дека во него има соланин, компонента што го штити од инсектите, бактериите, габите… Всушност, во зеленчукот има токсин, кој е штетен и опасен и за луѓето.

Со тоа што ќе го отстраните зелениот дел, количината на соланинот ќе се намали за околу 30 проценти, но не и целосно. Затоа е најдобро ваквиот компир целосно да се фрли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *