Сутерен.мк

Кога треба да се земаат суплементите?

Многу додатоци во исхраната добро функционираат со храната. Всушност, повеќето витамини растворливи во масти најдобро дејствуваат кога се земаат околу оброкот и полесно се апсорбираат!

 

Витамин Д
Витамините А, Д, Е и К се само некои што секогаш би требало да ги земате околу оброците. Овие витамини телото најдобро ги апсорбира кога се земаат со мрсна храна. Добра вест е дека и мала количина масти е доволна да го активира овој круг.

Витамин Ц
Витаминот Ц може да предизвика мачнина и проблеми со варењето кога се зема на празен желудник. За најдобар ефект, препорачливо е да го земате со оброк. Витаминот Ц задолжително испијте го со чаша вода.

Витамин Б
Постојат осум типа витамини Б и сите помагаат во кревањето на енергијата, во подобрувањето на здравјето на мозокот и расположението. Важно е да ги земате наутро затоа што го зголемуваат нивото на енергија и расположението.

Магнезиум
Со оглед на тоа што магнезиумот помага кај опуштањето, идеално е да го земате по вечерата. Магнезиумот може да има и лаксативно дејство, па затоа не го земајте преку ден.

Калциум и железо
Додатоците на калциум и железо треба да се земаат со растојание од најмалку 4 часа. Одлучете се за течни додатоци на железо и земајте ги со витамин Ц. Пијте ги со вода или сок од портокал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *