Сутерен.мк

Кога треба да се откажеме?

Многумина мислат дека откажувањето од она што го започнале е знак на слабост на карактерот. Наспроти тоа, подготвеноста да се трпи до крај во потрагата за потигнување на целта е чин на најголема храброст. Ваквите идеи можат да направат многу штета. Вистината е дека понекогаш е потребно многу повеќе јунаштво да се „кренат раце“ отколку да се продолжи. Еве неколку примери за такви ситуации…

Кога ризиците се поголеми од потенцијалната корист

Одлуката за „откажување“, ако ризиците ги надминуваат сите можни награди знак е на мудрост, а не на слабост. И далеку од тоа дека тие ризици однапред се јасни – понекогаш стануваат видливи кога сте на патот до целта. Доколку во некој момент сфатите дека би можеле да го изгубите здравјето, односите со саканите или психичката стабилност, можеби многу подобро е едноставно да ја напуштите патеката.

Кога наградата не вреди за трудот

Понекогаш ја преценуваме важноста на целта што сме си ја зацртале. На пример, мислиме дека животот, ако ослабеме пет килограми или добиеме поголема плата, ќе ни стане двојно подобар. Како што се доближуваме до целта, сфаќаме дека нејзината реализација нема да ни го донесе она на што се надевавме. Па, вреди ли за толку многу труд? Обично, не.

Кога приоритетите се менуваат

Промената на плановите е сосема нормална. Преиспитувањето на животните достигнувања и одбивање на постигнувањето на старите цели што веќе не се релевантни, ни помага да растеме и да се развиваме.

Кога начинот за доаѓање до резултатот е неприфатлив

Секој има свои принципи и вредности. Можеби целта е достојна, но, ако методите за таа да се постигне се коси со нашите начела, треба да се откажеме од нејзиното постигнување.

Кога ќе западнеме во неволја

Не се исплатува да се продолжи со нешто, само затоа што во истото е многу вложено. Да, тешко е да се откажете од целта за која ви требало многу време, нерви, труд за да ја постигнете, но да си речеш себеси: „Толку многу вложив во ова, што не можам сега да се откажам“ е просто, неразумно и ирационално. Што побргу се решиме да ја донесеме оваа тешка одлука, тоа повеќе средства и сила ќе заштедиме за други задачи.

Како да знаеме кога?

Не би требало да се напушти било која работа заради моментно незадоволство, страв или срам. Важно е да не се носат избрзани одлуки и добро да се размисли.

Запомнете дека никому не морате ништо да докажувате.

Способноста да го смените мислењето може да биде знак на сила, а не слабост.

Извагајте ги сите предности и недостатоци, обидувајќи се да се водите и од разумот и од чувствата. Можеби некому нема да му се допадне вашата одлука да се откажете и да си заминете. Во тоа нема ништо лошо. Би требало за запомнете: со одрекување од нешто, за возврат добивате поважни работи – сила, време, здравје, мир.

Извор…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *