Популарната детска песна стана првото видео на Јутјуб кое забележа повеќе од 10 милијарди прегледи!
„Бејби шарк“ стана најгледаното видео на Јутјуб во ноември 2020 година со повеќе од седум милијарди прегледи и оттогаш доби уште три милијарди прегледи.
Спотот за песната е создаден во 2016 година, од страна на јужнокорејската едукативна компанија Пинкфонг, а го изведува пејачката Хоуп Сеџоин.
„Бејби шарк“ е многу популарна и на другите социјални мрежи, како што е ТикТок, каде се снимаат деца, тинејџери и возрасни како танцуваат на оваа песна.