Шише Макалан од 1926 година, опишано од аукциската куќа Сотби како „највредното виски на светот“,вчера е продадено за рекордни 2,1 милиони фунти (2,5 милиони евра).
Цената на реткото шише се очекувало да достигне помеѓу 750.000 и 1,2 милиони фунти, но ги надмина проценките и достигна 2.187.500 фунти. Продажбата постави „нов рекорд за кое било шише жесток пијалок или вино продадено на аукција“, велат од Сотби.
Еден од Макаланите од 1926 година пред неколку години го достигна рекордот за најскапо продадено шише – 1,5 милиони фунти во истата лондонска аукциска куќа. Шефот на продажба на вискито во Сотби, Џони Фаул, изјави за АФП пред продажбата дека можел да го вкуси ценетото виски.
„Дегустирав мала капка од ова. Многу е богато, со многу сушено овошје, како што би очекувале, многу зачини и дрвенест вкус“, рече тој. Тој нагласи дека 60 години се чувал во темен европски даб, што се одразувало на бојата. „Тоа не е виски што го земате здраво за готово. Богата, богата капка, но неверојатно“, рече тој.