Сутерен.мк

Најздодевните во 2022-ра

Објавена е листата на најиритирачки познати личности во 2022 година, според гласовите на читателите на веб-страницата Ранкер.
Читателите гласаа кој најмногу ги нервирал, односно кој според нив не го искористил најдобро своето влијание во јавноста.

Меган Маркл (41) победи на скалата на познати личности кои им здодеале на луѓето. Принцот Хари (38) го зазеде второто место, американската водителка Опра Винфри (68) го зазеде третото, актерката Амбер Херд (36) – четвртото и актерот и водител Џејмс Корден (44) – петтото.
Хари и Меган се прогласени за најздодевни славни личности во 2022 година, само неколку недели по објавувањето на нивниот филмски документарец вреден повеќе милиони долари на Нефликс.

На листата се наоѓаат и ѕвезди чија репутација е доведена во прашање, како Канје Вест и Елен Деџенерис, но сепак најизразени се војводата и војвотката од Сасекс.
Резултатите, кои доаѓаат од целиот свет, покажуваат дека на јавноста ѝ е преку глава од кралската двојка, која откако се пресели во САД, успеа да остане во центарот на вниманието преку навидум бескрајната низа ТВ-емисии.

Листата:
1. Меган Маркл
2. Принцот Хари
3. Опра Винфри
4. Амбер Херд
5. Џејмс Корден
6. Елен Деџенерис
7. Хиларија Болдвин
8. Криси Тајген
9. Канје Вест
10. Ким Кардашијан

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *