Познатиот лекар д-р Рупи Аујла тврди дека одредени видови храна дури можат да помогнат да се спречи создавање наслаги во крвните садови, а со тоа да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести.
Кисела зелка
„Мета-анализата на клиничките студии покажа дека суплементацијата со пробиотици значително го намалува вкупниот холестерол и нивото на ЛДЛ-холестерол кај пациенти со висок холестерол“, вели докторот.
Кромид
Д-р Аујла вели дека поголем внес на зеленчук од родот кромид, вклучувајќи го и лукот, е поврзан со помала смртност од атеросклеротична васкуларна болест (АСВД).
Жолт, портокалов и црвен зеленчук
„Неколку студии објавија поврзаност помеѓу внесот на жолто-портокалово-црвен зеленчук и кардиоваскуларни болести (КВБ), коронарна срцева болест (КСБ) и срцеви заболувања воопшто“, тврди докторот.
Затоа, консумирањето на благ компир, морков, тиква, домат може да придонесе за оптимално здравје на срцето.
Брокула
Д-р Аујла истакнува: „Студија на 684 постари жени покажа дека оние со поголем внес на зеленчук со крстовидени имаат 46 отсто помали шанси за екстензивна калцификација на абдоминалната аорта – знак за наталожување наслаги што доведува до кардиоваскуларни болести – во споредба со оние со помал внес, по прилагодување на животниот стил, исхраната и факторите на ризик за кардиоваскуларни болести“.
Спанаќ
Поголемиот внес на калиум е поврзан со намален ризик од мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања.
„Една мета-анализа на девет кохортни студии покажа значителни 24 отсто помал ризик од мозочен удар кај луѓето со поголем внес на калиум“, заклучил докторот.