Сутерен.мк

Кои се наследничките на светските богаташи?

Ив е најмладата ќерка на покојниот Стив Џобс, основачот на компанијата Епл. Таа студира на Стенфорд, а според Форбс богатството на семејството Џобс се проценува на околу 16,6 милијарди долари. Ив од неодамна се занимава со манекенство.

Берни Еклстоун, поранешниот директор на Формула 1, тежи околу 3,3 милијарди долари. Иако има четири деца, најголемо внимание во јавноста привлекуваат ќерките Петра и Тамара кои ги доби од бракот со Славица Радиќ. Родени се во 1984 и 1988 година. Тамара е реалити ѕвезда и поранешен модел, а Петра е модел. И двете сега се во брак и имаат деца.

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп вреди околу 2,5 милијарди долари. Ќерката Иванка е поранешен модел и политички советник, неодамна наполни 40 години, а нејзината полусестра Тифани (28) ја започна својата пејачка кариера, а се занимава и со манекенство, но се шпекулира дека не му е омилена на Трамп.

Парис и Ники Хилтон се правнуки на Конрад Хилтон, кој го има основано синџирот на хотели Хилтон, а се родени во 1981 и 1983 година. Парис се прослави како разгалена богаташка во Њујорк додека работеше како модел во агенцијата на Доналд Трамп, а потоа стана реалити ѕвезда. Богатството на нејзиниот покоен дедо Варон Хилтон се проценува на 2,5 милијарди долари.


Џенифер Кети Гејтс, најстарата ќерка на Бил Гејтс, е родена во 1996 година. Обожава коњи и студира медицина. Џенифер се омажи во октомври, а големо внимание привлече поради фактот што до олтарот ја придружуваа нејзините родители Бил и Мелинда кои се разведоа годинава по 27 години брак. Богатството на Гејтс се проценува на 138,9 милијарди долари.


Ќерка на Филип Грин, сопственик на Аркадија груп, кој ги има Топшоп, Топман и Мис Селфриџ, Клои е позната по разгаленоста, но и по тоа што има син со затвореник. Се обидела да дизајнира чевли, но неуспешно, па продолжува да се потпирала на богатството на својот татко, чие богатство се проценува на 2,3 милијарди долари.


Софија е родена во 1995 година и е ќерка на Роман Абрамович, бизнисмен кој е сопственик на фудбалскиот клуб Челзи. Дипломирала менаџмент во Лондон. Таа ја претставувала и Русија на меѓународни натпревари во коњи. И покрај тоа што сака да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, ужива да споделува фотографии на Инстаграм. Според Форбс, Роман Абрамович има околу 14,4 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *