Сутерен.мк

Кои се најгусто населени држави?

Ироничен е податокот дека земјите со најмногу жители немаат и најголема густина на населеност. Земјите со најголем просечен број на жители на еден километар квадратен се всушност, мали држави. Величината на територијата го ограничува слободниот простор за изградба на нови објекти, па луѓето мораат да живеат во збиени квартови. Според сајтот World Atlas, ова се десетте земји со најголема густина на населеност…

Монако

Вкупната популација на Монако е 38 960 жители, населени на 1,21 километар квадратен. Интересно е што автохтоната етничка група Моначани се малцинство во својата земја, а поголемиот дел од државјаните доаѓаат од Франција и други европски земји.

Сингапур

Овој град – држава во Југоисточна Азија има 5,9 милиони жители, населени по 7 953-ца на километар квадратен. Сепак, Сингапур нема проблем со обезбедување на адекватен простор за живот иако, недвижностите се едни од најскапите во Азија – веднаш по оние во Хонг Конг.

Бахреин

Кралството Бахреин во Персискиот залив е дом за повеќе од 1,7 милиони луѓе. Густината на населеност на оваа островска држава е 2 012 жители на километар квадратен.

Малдиви

Островската држава во Индискиот океан има 542 000 жители, населени по 1 719 луѓе на километар квадратен. Густината на населеност во иднина уште ќе се зголемува, бидејќи територијата на Малдиви се смалува заради зголемувањето на нивото на морето, како последица на климатските промени.

Малта

Малта брои околу 442 000 луѓе со густина од 1514 жители на километар квадратен. Оваа островска држава во Средоземното море е една од најхомогените популации во Европа со 95 отсто автохтони Малтежани.

Бангладеш

Во оваа далечна земја на Индискиот подконтинент живеат 166 милиони луѓе, а на километар квадратен сместени се 1 239 жители.

Палестина

Појасот Газа и Западниот брег (Палестина) е дом на 5,2 милиони жители. Во оваа спорна област на километар квадратен живеат 759 луѓе, но во Појасот Газа таа бројка е 5 479 жители на километар квадратен.

Либан

Медитеранската држава иако, претрпе големи бранови на човечки миграции и денес е густо населена: има 6,8 милиони жители, а густината на населеност и е 669 луѓе на километар квадратен.

Барбадос

Малата островска земја во Карипското море има популација од 287 000 жители. Густината на населеност е 667 луѓе на километар квадратен.

Науру

Науру е трета најмала држава на светот, после Ватикан и Монако. Овој остров на Пацификот го населуваат едвај 11 000 жители, но густината на населеност е дури 635 луѓе на еден километар квадратен.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *