Сутерен.мк

Кои се најнаивните?

Овен

Овие рогати суштества се најнаивни кога се во врска. Иако сите (ќе) ги предупредуваат да се претпазливи, тие без да погледнат лево или десно без никаква задршка му веруваат на партнерот. Вљубените овнови ќе ја игнорираат дури и својата обично, многу прецизна интуиција која им кажува дека кога е нешто предобро обично, не е вистинито. И тоа слепило трае се додека не им помине меракот. А тој богами, како што ги стрефува, така и ги напушта – без најава.

Рак

Кога раковите ќе доживеат многу непријатна разделба, бурна кавга или смрт на некој близок, имаат навика премногу да им веруваат на оние кои во тие моменти се покрај нив. Доколку пак, познаваат некого кој поминува низ слично искуство, ќе се потрудат да бидат блиску до нив, да им се „најдат“ и за возврат, ќе го очекуваат истото. Едноставно, кога страдаат бараат друштво и тоа слично на себе. Меѓутоа, резултатите од ваквата доверба се обично крајно разочарувачки по нив.

Јарец

Припадниците на овој знак секогаш сакаат да веруваат во она најдоброто кај луѓето и токму заради тоа често завршуваат како излажани. Јарците тешко ќе ги убедите дека постојат луѓе кои сакаат само да ги искористат или кои се преправаат дека ги сакаат само заради интерес. Тргнуваат од својот став и однос, па затоа и им се случуваат вакви лажни релации. Она што е сепак, важно е дека тие барем учат од сопствените грешки, за разлика од претходниве.

Вага

Вагите се едни од најдобродушните знаци и им веруваат на сите! Поради тоа луѓето и ги искористуваат. Некогаш можат да бидат и целосно несвесни за работите што се случуваат околу нив. Просто да помислите дека некој ги маѓепсал или им го отстранил делот од мозокот за логично размислување?! Меѓутоа кај вагите има уште поспасоносно јаже – не само од своето, тие знаат да учат и од туѓите искуства!

Риби

Како и во многу други полиња од животот рибите и во меѓучовечките релации се однесуваат малку така, изгубено. После секое лошо искуство ќе си ветат себе си дека тоа е последен пат што дозволиле некој да ги искористи! Секако, оваа „цврста“ одлука ги држи „ептен долго“ – до првата следна прилика. Нема припадници на Зодијакот, кои полесно потпаѓаат под манипулација од другите луѓе! Такви се, не веруваат дека лошотилакот е многу распространет.

Стрелец

Стрелците знаат да бидат наивни особено, кога патуваат и запознаваат нови луѓе. Можеби на оние покрај и со кои што живеат и ги познаваат и не им се баш наклонети со доверба, но тоа не е така и кога се во странство. Очекуваат дека баш „надвор“ луѓето се пријателски настроени и добрнамерни, а се разбира дека честопати тоа не е така. Мораат да престанат да претпоставуваат дека таму некаде, сите луѓе се добри!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *