Сутерен.мк

Кои се најнервозните возачи во Европа?

Белгиските шофери се најнервозни и најопасни во Европа, според студија на фондацијата Винчи, јавува агенцијата МИА.

Анализирани се единаесет европски земји, Белгија е на врв на списокот кога станува збор за смиреност зад воланот. Според фондацијата Винчи, белгиските шофери се однесуваат опасно и несоодветно кога возат, а покажуваат и најголем степен на стрес.

Белгијците исто така најмалку почитуваат велосипедски патеки, лошо се паркираат, постојано свират и забораваат да користат трепкачи додека возат. Помалку од пола анкетирани возачи рекле дека се смирени кога влегуваат во автомобил.
Една петина од белгиските шофери признава дека се паркираат на велосипедски патеки.

Лошата организација на патиштата и постојаниот метеж во големите белгиски градови се меѓу објаснувањата за овие однесувања на шоферите, посебно Брисел и Антверпен. Што се однесува до свирењето на патиштата, само грчките и шпанските возачи бележат полоши резултати од Белгијците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *