Сутерен.мк

Кои се талибанците?

Нивното прифаќање од сонародниците се случува во време кога Авганистанците се уморни од арогантноста и меѓусебните судири на муџахедините во текот на граѓанската војна, а талибанците се појавуваат со ветувања дека ќе се борат против корупцијата и дека ќе ја зголемат безбедноста во земјата!

Талибанците, односно „студенти“ на паштунскиот јазик, се појавуваат на почетокот на 1990 година во северен Пакистан после повлекувањето на советските трупи од Авганистан. Се смета дека нивното формирање било во верските училишта кои главно, ги финансирала Саудиска Арабија, проповедувајќи ја тврдата струја на Исламот, а привлекуваат поширокото внимание во 1994 година, „раскомотувајќи“ се на границата на северен Пакистан со југоисточен Авганистан.

Талибанците спроведуваат сопствена, строга верзија на Шеријатот (исламскиот закон) и воведуваат брутални казнувања. Мажите мораат да пуштат брада, а жените да носат бурка, што им го покрива целото тело. Талибанците ја забранија телевизијата, музиката и кината, а не одобруваат ни образование за девојките.

И покрај ваквите рогорозни правила, талибанците многу брзо го шират своето влијание. Во септември во 1995 година ја завземаат покраината Херат, а после една година и главниот град Кабул, соборувајќи го претседателот Бурханудин Рабани, еден од основоположниците на авганистанските муџахедини, противниците на советската окупација.

До 1998 година, талибанците контролираат 90 отсто од територијата на Авганистан.

Пакистан во повеќе наврати негираше дека ги подржува талибанците, но многумина Авганистанци кои му се придружиле на движењето се образовани во верските училишта во Пакистан. После масакрот во училиштето во Пешевар, кога се убиени 140 луѓе, главно деца, го намали влијанието на талибанците во Пакистан.

Талибанците го штитеа и лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен и одбиваа да го предадат, па еден месец после 11 септември, САД го нападна Авганистан. Во првата недела од декември беше урнат талибанскиот режим.

И покрај се поголемиот број на странски војници, талибанците во меѓувреме постепено се враќаат, а со нив и насилството – и тоа на ниво од 2001 година!

Во август 2015 година, талибанците признаваат дека повеќе од две години ја криеле смртта на својот водач Мухамед (Мула) Омар, кој наводно умрел од здравствени проблеми во болница во Пакистан. Во септември се обединуваат околу новиот водач, Мула Мансур, кој пак е убиен од американски беспилотен авион во мај 2016 година. Го наследи Маулви Хибатулах Акунџада, кој и денес е лидер на талибанците.

После американско – талибанскиот мировен договор во февруари 2020 – та, талибанците ја сменија тактиката, но не и идеологијата: наместо сложени напади по градовите и војните центри, преминаа на поединечни убиства на судии, новинари, мировници, жени на позиции…

Според анализите на Би – Би – Си, бројно се сега најсилни од нивната капитулација во 2001 година. Според НАТО, талибанците денес имаат 85 илјади борци.

Заработувачката им се проценува на 1,5 милијарди долари годишно. Дел од парите доаѓаат преку дрога: Авганистан е најголемиот производител на опиум на светот, а поголемиот дел од опиумскиот мак (кој се користи за хероин), се одгледува во областите што се под контрола на талибанците. Заработуваат и со оданочување на луѓето кои патуваат преку нивните територии, преку бизниси во телекомуникациите, електричната енергија и минералите, но, како што вели британскиот јавен сервис и од донации на приватни лица од регионот – најмногу од Пакистан и Иран.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *