Д-р Брајан Хефлингер, кој на својот YouTube канал има повеќе од 170.000 следбеници и едуцира за поздрав живот, објаснува дека брзината на преработка на алкохол е многу побавна отколку што повеќето луѓе мислат.
Во своето видео, кое го погледнале повеќе од 10 милиони луѓе, тој покажал едноставна пресметка: црниот дроб може да преработи само една унца алкохол, што е околу 30 милилитри, во еден час.
„Тоа значи дека, ако брзо испиете повеќе пијалаци, вашиот организам едноставно не може да ги преработи“, објаснува докторот.
Тој додава дека ако, на пример, испиете 150 ml алкохол за кратко време, за еден час црниот дроб ќе обработи само 30 ml. Остатокот останува во телото, што дополнително го оптоварува организмот.
Иако умереноста често значи дека нема опасност, важно е да се знае кога навиката преминува во проблем. Британската Национална здравствена служба National Health Service наведува неколку јасни знаци. Меѓу нив се секојдневно посегнување по алкохол без многу размислување, редовно опивање и дружења кои речиси секогаш се врзани со алкохол. Дополнителни знаци се пиење во текот на денот, нервоза кога други во друштво не пијат, како и редовно надминување на препорачаната неделна граница.
Слични предупредувања даваат и лица кои се лекувале од алкохолизам, потврдувајќи дека овие сигнали можат да укажуваат на сериозен проблем.
