Сутерен.мк

Колку високи треба да се потпетиците?

Сите го знаеме она „трпи бабо за убајни“, ама по одредена возраст тоа „трпењето за убајна“ си го зема данокот, па болат и оние коски, за кои не сте знаеле ни дека ги имате!

Светските ортопеди се вдадоа на испитувања и утврдија дека секоја жена и маж имаат висина на потпетица, која е идеална за нивното здравје, пред се.

Причината за ваквите истражувања се зошто некои жени (и мажи) не можат да издржат ни еден час дури ни во најдобро изработените високи потпетици, а некои пак страдаат носејќи балетанки!?

Резултатот е едноставно мерење на она што би значело идеална висина на штиклата за вашите нозе. Секако, тоа не ве спречува и понатаму да поминувате голготи само затоа што мислите дека тоа е многу фенси.

  • Седнете на столица и испружете ја едната нога врз друга столица со иста висина или слична тврда подлога и опуштете се.
  • Со помош на линијар (лењир, по нашки) или метро, вертикално измерете ја одалеченоста од перничињата на стапалото до „подот“, а потоа и од точката на „подот“ до дното на петицата.
  • Добиените сантиметри се идеалната мерка за висината на штиклата за вас.

Ете, толку „било“ просто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *