Австрија се наоѓа на третото место како добра земја во светот благодарение на добро уреденото општество и систем. Таа се наоѓа веднаш зад Шпанија и Тајван во категориите патување и транзит, здравје и благосостојба и околина и клима. Таа е трта во светот по квалитет на живот, но заостанува кога станува збор за пријателските односи со странски државјани односно, 24-та е
Меѓутоа, Австрија го зазела 49-то место од 52 места во „индексот на леснотија на населување“. Австрија е многу ниско рангирана во две категории. Се наоѓа на 51-то место за локално пријателство и на 47-то место за гостопримливост. Сите испитаници, странски државјани се согласуваат во едно, треба многу време таму да се стекнат локални пријатели.
Од друга страна, странците даваат исклучително високи оцени и за природно и урбано опкружување. Според анкетите, постои добра достапност на сите дестинации и услуги, сите се согласни дека содржините се над светскиот просек.
Освен достапноста, тие се фалат и со степенот на чување на сите културно историски и природни добра.
Според резултатите од истражувањето, најдобрите дестинации за странците и населување се: Мексико, Индонезија, Тајван, Португалија, Шпанија, Обединети Арапски Емирати, Виетнам, Тајланд, Австралија и Сингапур.
Најлоши дестинации се: Кувајт, Нов Зеланд, Хонгконг, Кипар, Луксембург, Јапонија, Јужна Африка, Турција, Италија и Малта.