Сутерен.мк

Колку штителе средновековните маски?

Најстрашната позната болест за луѓето од средниот век била чумата, која ги убивала луѓето на суров начин. Лекарите за да се заштитат носеле мрачни костими и маска со долг клун налик на птичјиот…

Креирањето на ваквата „униформа“ му се припишува на Чарлс де Лорме, лекарот кој се грижел за здравјето на повеќе европски владетели, а таа била составена од палто премачкано со миризлив восок, кој бил поврзан со чизмите, кошула со качулка, шешир и ракавици од козја кожа. Исто така, вклучен бил и стап со кој ги превртувале и преместувале жртвите.

На лицето се ставало маска која имала отвори за очите и долг клун со две дупчиња за дишење. Лекарите ја полнеле и премачкувале маската со мешавина од многу билки – правејќи некој вид на филтер – мерката на затруеност на телото бил непријатниот мирис и се верувало дека болеста се шири преку воздухот.

Со силни парфеми ги „дезинфицирале“ и просториите, но ефект од сите овие мерки речиси и да немало. Причината е што чумата ја предизвикува бактерија и се пренесува од животните на луѓето и се шири со контакт со контаминирана течност или ткиво и преку кивање или кашлање на заразените личности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *