Џули Томас од гратчето Малверн во Ворчестершир (Велика Британија), почнала да прави мали фигури на животни од стаклени и пластични бисерчиња и копчиња и сега ги има околу 240 парчиња.
Се започнало кога нејзините внуци Себ (7) и Ралф (5) преку видео повик и побарале да им направи жирафа. Потоа, бабата секое утро им правела друго животно.
Џули е графички дизајнер по професија, а неодамна го отвори и сајтот „Зоолошка градина во карантин“, каде што ги објавува фотографиите од своите креации.