Сутерен.мк

Кој всушност, ја предал Ана Франк?

Нова истрага го идентификуваше лицето кое можеби ги предало Ана Франк и нејзиното семејство на нацистите. Таа имала само 15 години кога починала во концентрационен логор во 1945, откако две години успешно се криела. Нејзиниот дневник е најпознатиот директен приказ на животот на Евреите во Втората светска војна!

Тимот, кој вклучил бивш агент на ФБИ, историчари и други експерти, кажал дека угледниот Евреин од Амстердам, Арнолд фан ден Берг, веројатно го предал семејството Франк за да ја спаси својата сопствена фамилија. Тие шест години го истражувале случајот со помош на модерни истражувачки техники, како компјутерски алгоритми.

Фан ден Берг бил член на Еврејскиот совет во Амстердам, кој до 1943 ја спроведувал нацистичката политика во еврејските населби. И додека другите членови на советот потоа биле испратени во концентрациони логори, Фан ден Берг продолжил со нормалниот живот во градот и се верува дека им дојавувал информации на нацистите.

Има докази дека и таткото на Ана Франк знаел дека Фан ден Берг бил предавникот, но го чувал тоа како тајна.

Фан ден Берг починал во 1950.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *