Сутерен.мк

Кој е Дуров, основачот на Телеграм?

Руската амбасада во Париз бара од француските власти објаснување за причините за апсењето на Павел Дуров, сопственикот на Телеграм. Досега не наидовме на никаква соработка, велат од руската амбасада во француската престолнина.

„Откако во медиумите се појави веста за апсењето на Павел Дуров, веднаш побаравме од француските власти да ги разјаснат причините за апсењето, побаравме од денеска да се заштитат неговите права и да се обезбеди конзуларен пристап, но француските власти избегнаа интеракција по ова прашање“, изјавија за РИА од прес-службата на руската дипломатска мисија во Париз.

Реагираше и Марија Захарова, портпаролката на руското МНР, која ги повика меѓународните невладини организации да излезат во одбрана на Дуров, бидејќи како што вели таа, во 2018 година токму тие го повикале Кремљ да не ја блокира оваа апликација.

Захарова на својата Телеграм сметка достави список на невладините организации кои во 2018 година побарале од руските власти „да престанат да создаваат пречки“ во работата на Телеграм и праша дали сега ќе го бранат извршниот директор на таа платформа Павел Дуров, пренесе руската агенција.

„Се сетив како во 2018 година група од 26 невладини организации, вклучително Хјуман рајтс воч, Амнести интернешенел, Фридом хаус, Репортери без граници, Комитетот за заштита на новинарите и други, ја осудија одлуката на рускиот суд за блокирање на Телеграм“, напиша Захарова.

Основачот на Телеграм, кој има француско државјанство, бил приведен на аеродромот во Париз Бурж веднаш откако го напуштил приватниот авион со кој полетал од Азербејџан.

Според локалните медиуми, француското правосудство смета дека Дуров е вмешан во бројни злосторства и може да се соочи со обвиненија за тероризам, трговија со дрога, измама и перење пари.

Според францускиот новинар Кирил Амурски, на овој бизнисмен му се заканува казна затвор до 20 години.
Павел Дуров е роден на 10 октомври 1984 година во Санкт Петербург. Во 2006 година дипломирал англиска филологија и превод на Филолошкиот факултет на Државниот универзитет во Санкт Петербург, пишува руски Комерсант.

Додека студирал на Државниот универзитет во Санкт Петербург, тој создал форум за студенти, врз основа на кој социјалната мрежа ВКонтакте е лансирана во 2006 година. Во 2014 година, тој продаде 12% од својот удел во ВКонтакте на Иван Таврин, кој подоцна беше купен од Маил.ру Гроуп.

Во август 2013 година, Павел Дуров претстави бесплатен месинџер Телеграм со затворен код, а популарноста на апликацијата неверојатно порасна. Дуров (39) ја напушти земјата во 2014 година, една година по лансирањето на Телеграм, откако одби да ги исполни барањата на владата да им забрани на опозициските политичари и групи да пристапуваат до ВКонтакте.

„За жал, невозможно е да се води интернет бизнис во оваа земја“, рече тој тогаш. Извесен период живееше и во Соединетите Американски Држави

Во 2021 година доби француско, а во 2022 година државјанство на Обединетите Арапски Емирати. Тој има и пасош од карипската нација Сент Китс и Невис. Во април 2022 година, тој побара да не се нарекува државјанин на Руската Федерација, туку само „Европеец“.

„Форбс“ моментално го проценува неговото богатство на 15,5 милијарди долари, што го прави 120. најбогат човек во светот, а некои го нарекуваат „Русот Марк Цукерберг“.

Дуров објави дека во минатото бил донатор на сперма и дека сега има повеќе од 100 биолошки деца во 12 земји во светот. Тој никогаш не бил во брак, пренесува Скѕ Нењс.

Во интервју за Такер Карлсон во 2024 година, тој изјави дека никогаш не сакал да се збогати, а неговата главна цел била да биде слободен човек. Тој рече и дека не сака да прима наредби од никого. Според Дуров, на сметките има неколку стотици милиони долари кои воопшто не ги користи.

Апликацијата Телеграм стана највлијателна во Русија, Украина и поранешните советски републики. Меѓутоа, Русија почна да ја блокира апликацијата во 2018 година, откако компанијата одби да се усогласи со судскиот налог за давање пристап на државните безбедносни служби до шифрираните пораки на своите корисници. Ваквата одлука предизвика масовни протести во Москва и критики од невладините организации, но не ја наруши значително популарноста на апликацијата.

Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, Телеграм стана главен извор на нефилтрирани, а понекогаш и експлицитни и погрешни содржини од двете страни за војната и политиката зад конфликтот. Платформата на некој начин стана „виртуелно бојно поле“. Телеграм, која им овозможува на корисниците да ја избегнат официјалната контрола, исто така стана едно од ретките места каде што Русите можат да пристапат до независни вести за војната откако Кремљ ги зголеми ограничувањата за независните медиуми по инвазијата на Украина.

Според компанијата, апликацијата е меѓу петте најсимнувани во светот. Во 2023 година надмина 700 милиони активни месечни корисници, а нивната цел е да надминат една милијарда во рок од една година.

Сепак, зголемената популарност на апликацијата доведе до зголемена контрола од неколку европски земји, вклучително и Франција, поради потенцијалните грижи за безбедноста и приватнос

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *