Сутерен.мк

Кој стои зад заканите со бомби?

Од веб-страница вечерва пишуваат дека осомничениот во врска со анонимните закани за поставени бомби во скопски средни училишта е Никола Николовски, нивни активист, кој на веб-страницата е наведен и како уредник. Според нив, Николовски нема никаква врска со овој случај.

Никола Николовски, член на идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк е во моментов притворен како осомничен за заканите со бомби во средните училишта во Скопје, информираат од овој центар. Денеска МВР соопшти дека „полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомневање за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје“.

Како во најцрните денови од комунизмот со над 10 службеници Николовски е приведен, соопштуваат од Конзерватив.мк и одговорно тврдат дека нивниот член немал никаква поврзаност со овие настани.

„Никола е општествено одговорен граѓанин, наш активист кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент.

Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани“, соопштија Конзерватив.мк.

Пред четири години беше основан идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк, центар ко во себе спојува политички и граѓански активисти чија примарна идеологија е конзерватизмот како десно или центар-десно политичка ориентација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *